Шеесет војнички униформи и пушки на НУФЦ Вардар Филм Македонија беа користени во снимањето на филмот “Исчезнатиот”

Арб продукција за потребите на филмот “Исчезнатиот” во режија на Арбен Тачи во текот на снимањето на филмот користеше војнички униформи и пушки од фундусот на Вардар Филм Македонија. Сцените во кои актерите ги носеа униформите и пушките во сопственост на Вардар Филм беа снимани во село Ѓерма и на планината Попова Шапка

. Режисер:
Арбен Тачи
Продуцент:
Арбен Тачи
Монтажа:
Атанас Георгиев
Сценарио:
Арбен Тачи
Директор на Фотографија:
Влатко Самоиловски
Музика:
Фатос Лумани
Главни Улоги:
Сотирак Братко, Ева Аликај, Кејди Адеми, Сокол Хајрулај, Шекерија Бучај, Африм Мучај, Селма Локај, Рефет Абази

Кратка содржина:
Носталгијата и копнежот за татковината ќе направи од Беќир пола човек повлечен во себеси, кој во стари години неговиот единствен придружник ќе го најде во неговиот внатрешениот глас. Марга, неговата сопруга од Швајцарија не може да го издржи неговиот “недостаток”, уште повеќе не може да го разбере неговото одбивање да ја посети својата татковина и семејство. По предлог на Марга, Беќир одлучува да ги напише мемоарите како начин за надминување на неговата депресивна сојстојба. Преку ретроспектива ќе го откриваме неговиот животот во својата татковина, неговите несреќи и дилеми, почнувајќи од детството се до фаталниот момент што ќе го натера да избега од својата земја. Со читање на мемоарите Марга конечно ја разбира вистината за очајот на нејзиниот сопруг, а сега таа треба да одлучи дали да живее без него или да ја напушти својата земја и да се врати во неговата татковина.